Процес на
декарбонизација
Како се добива водород
HHO гасот (водород и кислород) се добива со електрохемиска постапка на електролиза на дестилирана или деминерализирана вода.
Целата технологија е спакувана во еден уред опремен со електроника која го следи целокупниот процес. Во зависност од зафатнината на моторот, точно се дефинира количина HHO гас која е потребна зза квалитетен ефект на декарбонизација на моторот и делови на издувниот систем, во време траење од околу 30 минути.
Како се отстранува гарежот
HHO гасот е смеса на Водород (H) и Кислород (O). Најважниот елемент во оваа смеса е Водородот (H2).
Кога водородот ќе навлезе во компресираниот простор на моторот, високата температура во моторот предизвикува молекулите на водород „да се разделат“ на протони од водород (2H+). Активниот водород, реагира со јаглеродот, талогот и оксидните супстанци во моторот. Јаглеродот и талогот хемиски се трансформираат во Јаглеводород (HC) во гасовите состојба и како резултат на притисокот преку издувниот систем на моторот се исфрлаат.
