Ефекти на
декарбонизација
Кои делови од моторот се чистат?
Со овој револуционерен систем во времетраење од околу 30 минути се отстрануваат наслагите од вентилите, ѕидовите на цилиндрите, челото на клипот, свекици, дизни, карики и голем дел на елемнти од издувниот систем како што се EGR вентили, катализатор, DPF филтер, турбина NOx сензор и многу други.Кои се ефектите од декарбонизација?
- Враќање на перформансите на моторот – поголема сила и обртен момент на моторот
- Помирна работа на моторот
- Намалена потрошувачка на гориво
- Драстично намалување на издувни гасови
- Продолжен век на траење на моторните делови и склопови

Зошто се добиваат тие ефекти
Со исфрлање на талогот и гарежот од комората за согорување од:
- Вентилите и свекиците – се добива подобра заптивност на компресниот простор и при циклус на согорување, односно подобра циркулација на воздухот и издувните гасови при циклус на усис и издув
- Чело на клипот – се враќаат проектираните вртежни струења во компресниот простор
- Врвот на дизната или инјектор – правилно вбризгување на гориво (распрсклување во вид на магла, а не млазови)
- Свекица – подобра искра за палење на горивото
- Ѕид на цилиндар и карики – поробро подмачкување и поголем простор за компресија
- Комората за согорување на гориво без гареж – подобро согорување на горивото, односно поголема искористеност на енергијата од горивото и помала емисија на штетни издувни гасови
Делови на издувниот систем:
Декарбонизација на мотор со HHO гас ги исфрла, во потполност или делумно во зависност од степенот на замастеност, талог од честички гареж помежани со испарувањето на маслото во издувниот систем, што придонесува за правилна функција и продолжување на векот на експлоатација на истите, а тоа се:
- EGR вентил – правилна рециркулација на издувните гасови
- Турбина – правилно и непречено работење на лопатките на турбинското коло, кое ги движи издувните гасови
- DPF филтер – чист филтер, помали притисоци и намален број на регенерација (пасивни и активни) во текот на експлоатација, како и продолжен век на траење (интервал на замена)
- Катализатор – подобра функција на впивање на штетни честички, продолжен век на траење
- Сензори – чистење на попратни сензори за подобро отчитување и контрола